Вчера околу 18.30 часот, во СВР Охрид пријавен бил пожар на товарно возило, кое било застанато на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Врбјани, општина Дебарца.

Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот, во кој нема повредени лица, настанал поради дефект на инсталација. – информира СВР Охрид.

На местото на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

OhridNews
Фото: Илустрација