Вчера околу 15,00 часот било пријавено дека на патот Битола-Прилеп пред Кукуречанска крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило Фургон „Цитроен Џампер“ со велешки регистарски ознаки управувано од 37-годишно лице од Богданци и влекач со приколка со охридски регистарски ознаки управувано од 59-лице од Охрид.

Во незгодата возачот од Богданци се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот, информира МВР.

OhridNews