Шефот на германскиот Мерцедес, Тото Волф јавно ги пофали своите инжињери за резултатите на трките кои се оддржаа на Азискиот континент.

Луис Хамилтон на четири трки пред крајот на шампионатот има скоро безбедни 59 бодови предност во однос на Себастијан Фетел и тоа во периодот кога Мерцедес имаше разни проблеми со својот болид. Заради тоа Тото Волф изјави дека неговиот тим мора овај момент да го пренесе и во самата завршница на првенството.

– Од кога ја завршивме европската турнеа успеавме бодовно да се одлепиме во првенството. Морам да признам дека имавме доста среќа, но факт е дека се` поставивме на право место во право време. Сепак и тогаш имавме некои предизвици кои моравме да ги пребродиме. Тогаш едноставно како повеќе да го разбравме болидот кој ни возврати со подобри перформанси. Добро е кога се победува и во период кога не си најдобар. Тогаш се добива првенството. – изјави Волф.

Следната трката во Ф1 шампионатот е во Соединетите американски држави, а ќе се одржи викендов кој доаѓа.

OhridNews