Со двата погодоци на капитенот Франческо Тоти кој стигна до 202 во Серија А, првиот “мајсторски“ од пенал а вториот решавачки на истекот на судиското продолжение “волчицата“ ги осигура трите бода на гостувањето кај директниот конкурент за четвртата позиција која води во Лигата на Шампиони, Удинезе.


Добро е што победивме а успеавме над противник кој не се предава така лесно. Со тримуфот над Удинезе докажвме дека имаме капацитет и наредната сезона да играме во Лигата на Шампиони затоа ќе продолжиме да се бориме до крај – истакна “Ил Капитано“.

Франческо Тоти не остапува од изведувањето пенали со “лоб удар“ а сите добро се сеќеваат на пеналот на ЕУРО 2000 со Холандија во 1/2 финалето.