До оваа импресивна бројка Тоти стигна на гостување на Рома во Фиренца. Натпреварот Фиорентина-Рома, заврши со резултат 2:2, а Тоти ги постигна двата гола за својот тим, со што ги постигна 200-от и 201-от гол во кариерата, која во Серија А ја започна во 1992 година. За Тоти погодоците на Артемио Франки беа негови први во богатата кариера на овај терен.
-Нема да застанам тука, моја наредна цел е Роберто Баџо – вели принцот на Рома.
Првиот гол Тоти го постигнал на 4 септември 1994 година против Фоџа. Од 201 гол Тоти постигнал 129 дома, 72 на гости, 89 во првиот дел, а 112 во вториот. 37 пати постигнал по два гола, додека само два хет трика. Најмногу голови и дал на Парма 15, а најмногу пати ја затресол мрежата на Буфон, 9.
На вечната листа пред Тоти се наоѓаат Силвио Пиола (274 погодоци), Гунар Нордал (225), Џузепе Меаца (216), Хозе Алтафани (216) и Роберто Баџо (205)