Легендата на Рома и италијанскиот фудбал, Франческо Тоти не го напушти клубот во добри односи со водечките луѓе во екипата. Тоти се повлече од активното играње во 2017 година после 25 сезони поминати во дресот на Рома.
Додека ситуацијата е ваква како сега јас нема да се појавам во Тригори (тренинг центарот на Рома). Секогаш кога го носам синот Кристијан на тренинг останувам пред влезот во автомобилот. Понекогаш дури седам во автомобилот и ми се плаче дека после 30 години поминати во клубот јас не можам да влезам внатре. Се уште имам брилијатни и искрени пријатели, тие доаѓаат пред влезот од Тигори и се поздравуваме. Од време на време Кристијан ме бара да влезам и да го гледам како игра, но не можам тое ќе ме убие. – изјави Тоти во видео интервјуто со Лука Тони.
Екипата на Рома предводена од директорот Џејмс Палота не му понуди нов договор на Тоти после истекувањето на важечкиот. Одлуката за повлекување наводно била од Тоти, но фудбалерот го кажува спротивното.
Не сакам да престанам да играм. Физички бев во многу добра форма и не гледав причина да се повлечам. Не сакам да останав и да притискам за минутажа, туку да бидам дел од играчкиот ростер на клубот. Ќе бев среќен да останев дел од екипата и деновите да ги минувам со тренинзи и шеги кои се слушаат само во соблекувалната. Верувам дека ќе бев од голема корист, бидејќи кога и да влезев во игра публиката стануваше и сигурно желбата за игра се зголемуваше кај соиграчите. Бев многу вознемирен после ситуацијата како што испадна. Мораше да дојде крај, но не таков бидејќи за Рома бев подготвен нога да си пресечам. – истакна Тоти.
OhridNews