– Победа и два постигнати погодоци, тоа е дербито од моите соништа. Задоволството да го победиш Лацио а притоа и да ја затресеш мрежата е прекрасно – смета “ил капитано“ Франческо Тоти.
Со доаѓањето на “авиончето“ на клупата на Рома, “волчицата“ доби полетност во играта и резултатите, на четири средби остварија три победи и едно реми. Откако дојде Монтела го променивме менталитетот на екипата. Сакаме да триумфираме на секој меч што е доста видливо.