Фудбалерите на Тотенхем во 3. коло во Премиер лигата попладнево повторно остварија минимална победа од 1:0, овој пат над Ватфорд, и со максимални девет бодови и гол-разлика 3:0 го презедоа лидерското место на табелата.
Единствениот гол го постигна Сон во 42 минута, со што прагматичниот Тотенхем ја забележа третата едноподруго победа од 1:0 на стартот од новата сезона во англиското првенство
Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер денеска по 100. пат седеше на клупата на Манчестер јунајтед на премиерлигашки натпревар и со победа го одбележи јубилејот, триумфирајќи на гостувањето кај Вулверхемптон со 1:0 (0:0).
Победоносниот гол за „црвените ѓаволи“ го постигна Мејсон Гринвуд во 80 минута.
За Манчестер јунајтед ова е втора победа во третото коло од новата сезона во Премиер лигата, по кое составот на Солскјер е третопласиран со седум бодови, два помалку од лидерот Тотенхем.
Во преостанатиот натпревар во Премиер лигата, Барнли и Лидс одиграа нерешено 1:1.
OhridNews