Голем срам „пукна“ во Англија откако Тотенхем претрпе пораз од Колчестер на пенали 4-3 и уште во првата рунда каде се усклучуваат премиерлигашите ги заврши натпреварите во Лига купот.

„Петлите“ сезонава воопшто не` наликуваат на составот од ланската сезона кој стигна во финалето во Лигата на Шампиони. Капак на слабата форма и лошите резултати беше елиминацијата од Колчестер. Мечот заврши без голови и без победник 0-0 а домаќините се покажаа како подобри изведувачи и приредија сензација.

Резултати: Колчестер – Тотенхем 4-3 (0-0), Кроули Таун – Стоук 5-3 (1-1), Лутон – Лестер 0-4, Портсмут – Саутемптон 0-4, Престон – Мен Сити 0-3, Шефилд Вендздеј – Евертон 0-2, Ватфорд – Свонси 2-1, Арсенал – Нотингем 5-0

OhridNews