Капитенот на Англија, Хари Кејн неодамна изјави дека ќе си замине од Тотенхем ако клубот не покаже амбиции за освојување на трофеи во Премиер лигата и европските натпреварувања.
Во меѓувреме, управата на Тотенхем предводена од Дени Леви ја одреди оштета за предвремениот раскин на договорот со англискиот репрезентативец. Таа изнесува вртоглави и неверојатни 200 милиони евра.
„Петлите“ од Лондон се познати по доброто работење на трансфер пазарот, но висината на сумата која ја одредија за Кејн не е реална.
Скриен интерес за услугите на Кејн покажува Манчестер Јунајтед кој долго време трага по квалитетен голгетер кој ќе го предводи нападот на Олд Трафорд.
OhridNews
Хари Кејн најави заминување од Тотенхем