Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем објави денес дека ја прекинува соработката со португалскиот тренер Нуно Еспирито Санто. Отказот за португалскиот стратег доаѓа два дена по поразот на домашен терен од Манчестер јунајтед (0-3) со што кулминираше слабиот почеток на Тотенхем во новата сезона.
Санто, кој својата афирмација во англиското првенство ја имаше на клупата на Вулверхемптон, остана само четири месеци на чело на Тотенхем, оставајќи го лондонскиот клуб на осмото место со 15 бодови од 10 натпревари.
Санто го наследи Мурињо по четиригодишна соработка со премиерлигашот Вулверхемптон, со кој избори пласман во Премиер лигата во сезоната 2018/19, а следната сезона настапи во четвртфиналето во Лига Европа.
Тотенхем објави дека наскоро ќе го назначи наследник на Санто, а како најсериозен кандидат се споменува Италијанецот Антонио Конте.
OhridNews