Португалскиот стручњак Жозе Мурињо е најголем фаворит во светските обложувалници за преземање на палката во Тотенхем, ако клубот одлучи да се раздели од сегашниот тренер Маурицио Почетино.
„Петлите“, воопшто не бележат позитивни резултати од почетокот на сезоната а капак на лошата серија беше вчерашниот пораз од Баерн Минхен 7-2 среде Лондон во фазата по групи во Лигата на Шампиони. „Баварците“ го посрамотија европскиот вицепрвак а притисокот на плеќите од Маурицио Почетино максимално се зголеми, што може да резултира со отказ.
Португалецот кој има големо искуство во Премиер лигата водејќи ги Челси во два наврати и Манчестер Јунајтед е прв пик на светските обложувалници. Мурињо од декември минатата година кога доби отказ од Олд Трафорд е без тренерски ангажман и Тотенхем е вистинска шанса да се врати во Премиер лигата.
Покрај Мурињо светските обложувалници на листата за потенцијален заменик на Почетино ги имаат Масимилијано Алегри, Ед Хауви, Бренда Роџерс и Герет Саутгејт и Жулијан Нагелсман.
OhridNews