Екипата на Тотенхем го освои целиот плен во дербито на колото, откако на домашен терен со 3-1 го совлада Челси во 13-та рунда од Премиер лига.

„Петлите“, со триумфот во дерби пресметката го прескокнаа Челси и го запоседнаа третото место на табелата во англиската фудбалска елита. Фудбалерите на Тотенхем победата во градското дерби ја најавија во првите 15-тина минути, кога два пати ја погодија мрежата на „сините“. Резултатот го отвори Деле Али во 9-та минута, а седум минути подоцна Хари Кејн зголеми на 2-0. Во 54-та минута Сон Хунг Мин погоди за 3-0, а Челси до крајот мечот успеа да го ублажи поразот со погодокот на Оливие Жиру.

Трката за врвот помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул продолжи и во 13-та рунда. „Граѓаните“ со 4-0 го совладаа Вест Хем во Лондон, додека Ливерпул со 3-0 славеше против Ватфорд на „Викариџ роуд“.

Резултати: Брајтон – Лестер 1-1, Евертон – Кардиф 1-0, Фулам – Саутемптон 3-2, Мен Ју – Кристал Палас 0-0, Ватфорд – Ливерпул 0-3, Вест Хем – Мен Сити 0-4, Тотенхем – Челси 3-1.

Табела: Мен Сити 35, Ливерпул 33, Тотенхем 30, Челси 28, Арсенал 24…

OhridNews