Фудбалерите на Тотенхем запиша нови три бодови на табелата победувајќи го Евертон со 6-2 на „Гудисон  Парк“ во последниот натпревар од 18-та рунда во англиската Премиер лига.

Тотенхем до трите бодови стигна со убедлив триумф, но Евертон беше екипата која го отвори резултатот и поведе со 1-0. Тео Волкот во 21-минута погоди за почетно водство. „Петлите“ од 32-та до 42-та минута постигнаа три погодоци и наговестија висока победа. Стрелци на головите беа Сонг, Деле Али и Кејн. На стартот од второто полувреме во 48-та минута Тотенхем го зголеми резултатот на 4-1 со погодокот на Ериксен. Домаќините успеаја да намалат на 4-2 преку Сигурдсон, а гостите со головите на Сонг и Кејн ставија точка на мечот.

Тотенхем со трите освоени бодови се доближи на два од второпласираниот Манчестер Сити, а разликата со водечката екипа Ливерпул остана шест бодови.

OhridNews