Премиерлигашот од Лондон, Тотенхем, ја прекина соработка со португалскиот тренер Жозе Мурињо.
Како што информираат англиските медиуми, причините се лошите резултати сезонава во сите натпреварувања, но и одлуката на Мурињо да не одржи тренинг денеска, после прифаќањето на Тотенхем да игра во новоформираната Супер лига.
„Специјалниот“ ја презеде тренерската функција на Спарс во ноември 2019 година. Неговиот договор беше важечки до летото 2023 година.
По 32 одиграни кола во Премиер лигата, Тотенхем е на 7. место во поредокот со 50 бода.
OhridNews