Англискиот репрезентативец Деле Али е најновиот играч на листата повредени фудбалери во екипата на Тотенхем. „Петлите“ не ќе можат да сметаат најмалку еден месец на офанзивниот фудбалер кој се повреди на дуелот со Фулам.
22-годишниот член на Тотенхем со поткривнување ја напушти играта, а деталните прегледи покажа оштетување на мускулите под коленицата. Деле Али веднаш почнал со рехабилитација за што побрзо да ја санира повредата.
Тотенхем минатата седмица остана без својот најдобар фудбалер Хари Кејн. Голгетерот се повреди на средбата со Манчестер Јунајтед. Кејн ќе отсуства месец дена, а покрај него на листата од повредени играчи се наоѓаат Лукас Мура и Муса Сисоко.
Муса Дембеле го напушти клубот и замина во Кина, додека Сон Хонг Мин е дел од репрезентацијата на Јужна Кореја која настапува на Азискиот куп.
OhridNews