Манчестер Јунајтед го претрпе вториот пораз во третото коло сезонава во Премиер лигата, откако пред своите гледачи на Олд Трафорд изгуби од Тотенхем (3-0) во дербито на колото.

Тотенхем бодовите од Манчестер ги однесе благодарание на маестралната игра во второто полувреме. Првиот дел во кој „црвените ѓаволи“ имаа неколку прилики заврши без голови. „Петлите“ од Лондон целито плен го нападнаа на стартот од второто полувреме. Во 50-та минута Хари Кејн погоди за 1-0. Две минути подоцна Лукас Мура зголеми на 2-0. Јунајтед се разигра, креираше неколку прилики, но не постигна погодок кој ќе го вратеше игра. Казната стигна во 80-та минута кога Мура со вториот гол на мечот ја запечати судбината.

Притисокот после поразот од Тотенхем е се поголем на плеќите од Мурињо е се поголем и оваа недела ќе биде од големо значење за судбината на Португалецот на Олд Трафорд.

OhridNews