Екипите на Манчестер Сити и Лестер ги освоија трите бодови во дерби пресметките со Тотенхем и Ливерпул, победувајќи на домашен терен со 3-0 односно 3-1, во 24-та рунда од Премиер лигата.

„Граѓаните“ целиот плен во пресметката со избраниците на Жозе Мурињо го обезбедија со доминатна игра во текот на целиот натпревар. Лидерот во Премиер лигата, Манчестер Сити триумфот го најави со голот од пенал на Родри во првиот дел. А, го завери со двата погодоци на Гундоган во второто полувреме.

Лестер на потежок начин го совлада Ливерпул со 3-1 „Лисиците“ имаа блиц крик и во период од седум минути постигнаа три погодоци. Лестер реализираше од 78-та до 85-та и успеа да ја анулира предноста на гостите од „Енфилд“.

Во останатите мечеви Барнли со 3-0 го преслуша Кристал Палас, а, Брајтон и Астон Вила ги поделија бодовите, ремизирајќи 0-0.

OhridNews