Англискиот премиерлигаш Тотенхем ја засили екипата доведувајќи го Тангу Ндомбеле од редовите на францускиот состав Лион, додека Манчестер Сити детали го делат од ангажман на Родри од Атлетико Мадрид.
„Петлите“ за услугите на Ндомбеле на Лион ќе му исплатат рекордни 65 милиони фунти и ќе го скршат мразот околу купувањето на фудбалери. Тотенхем две сезони не инвестираше во екипата и играше со исти играчи. Премиерлигашто одлучи ова лето да се засили а тоа го направија со рекорден трансфер во клупската историја.
✍️ #WelcomeTanguy #COYS ⚪️ #THFC pic.twitter.com/P0S9JJyfsV
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) July 2, 2019
Родри одлучил сам да ја плати откупната клаузула од 70 милиони евра и да обезбеди трансфер во Манчестер Сити. До крајот на оваа недела Родри и „граѓаните“ треба да ги договорат сите детали и да ја официјализараат соработката.
На нешто повеќе од еден месец од почетокот на сезоната во Премиер лигата, екипите се активни на трансфер пазарот што гарантира нова доза на натпревари за уживање.
OhridNews