Битолски  Пелистер понесен од извонредниот Тоскоски на голот стигна до десетата јубилејна победа на  38. издание  на струшкиот ракометен турнир. Тој во вториот дел со серија одбрани ги отпиша ланските победници. и успеа во последната минута  да ги одбрани ударите од седум метри на Шандов и Милосавлевиќ. Пред ударот на српскиот интернационалец, популарниот Тоско и` кажа на публиката каде ќе бие Игор.


Секој играч во клучните моменти го бира својот најсигурен удар. Јас го знам Игор и неговиот најдобар шут е лево од голманот. Им сугерирав на играчите на Кастриоти кои беа позади голот каде ќе бие. По моето враќање во Пелистер, натпреварите со Тиквеш некако се најинтересни, честите дуели и многу те седмерци ме научија да им ги читам пеналите.  – истакна Тоскоски кој беше прогласен за најдобар голман на турнирот.


Старо – новиот стратег  на битолчани Звонко Шундовски со триумф ја започна новата авантура на “зелената“ клупа.-Финалниот натпревар покажа дека оваа екипа на Пелистер има карактер и свое јас. Ниту   во моментите кога бевме во негатива од пет гола не застанавме и не се предадовме. Тешко беше да се издржи ритамот посебно што сме во раната фаза од подготвките и не сме доволно ниту физички ниту техничко тактички подготвени. Оваа екипа е спој на младост и искуство , целта ни еж овие искусни интернационалци, кои се на залезот на кариерта да ги споиме со младите сили на Пелистер, кои до прва ќе конкуриират и во иднина ќе даваат уште подобри резултати – рече Шундовски.


“Винарите“  испуштија добиен натпревар, од шестата од 54 минута имаа предност која по 35 минута изнесуваше високи плус шест 17-11. Но младата екипа на стружанецот Чакарески , наместо да ја легне топката, влезе во непотребно солирање кое искусниот тим на Пелистер знаеше да го казни.– Имавме добиен натпревар, на крајот не не` посака среќата,  вечерва победи посреќната екипа – кратко коменитираше Чакрески.


Организаторот е задоволен од квалитетот на турнирот но не и од одзивот на струшката  публика. – Презадоволен сум бидејќи сметам дека струшкиот турнир оваа година срамежливо и полека се враќа на старите патеки. Задовлен сум од однесувањето на сите ракометари, покажаа добар ракомет, но она од што не сум задоволен беше посетеноста на натпреварите. – вели Крсте Илиоски претседателот на организациониот одбор.

М.П.