Проектот „Безбеден град“ е еден од приоритетите на МВР, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарско прашање за почетокот на имплементацијата на надградбата на системот.

Ветив дека во текот на 2025 година ќе имаме имплементиран проект. Тоа значи дека освен што ќе треба да ги инсталираме камерите, да ги поврземе со потребните оптички кабли, да ги обезбедиме сите потребни дозволи за сето тоа, ќе треба да промениме и законска легислатива, ќе треба да ги подготвиме и судовите и УЈП во делот на спроведување на постапките. Ќе треба еден поширок институцонален пристап да се има, тоа го работиме во моментов. Се изготвува ново предлог законско решение. Овој проект е многу важен, нагласи Тошковски.

Потенцираше дека токму со имплементација на проектот треба да се намали бројот на смртни случи како последица на сообраќајни несреќи кој се движи од 130-140.

Министерот посочи дека секојдневно се работи на проектот, а вклучени се професори во подготовката на легислативата од сите надлежни институции.

Се надевам дека 2025 година ќе биде годината каде ќе почнеме да го имплементираме, не само на територија на Куманово, Тетово и Скопје, туку на територија на цела Македонија, вели тој.

Посочи дека секој еден кој дивее по улиците ќе биде казнет, а секој еден кој го почитува законот, нормите нормално дека треба мирно да спие.

OhridNews