Владата на Македонија на денешната седница одлучи да го промени името на најголемата фудбалска арена во нашата земја. Арената од денеска се вика „Тоше Проески“, во чест на прерано починатата музичка ѕвезда.

Информацијата ја потврди портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на социјалните мрежи.

  • Утрово на редовната 129-та седница на Владата донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја. – стои во објавата на Бошњаковски.

Националната арена во 2009 година го одби името „Филип Втори“, а претходно се викаше Градскиот стадион. На него играат фудбалските клубови Вардар и Работнички и репрезентацијата на Македонија.

OhridNews