Македонскиот пејач Тоше Проески е личност на годината во изборот на хрватскиот интернет портал Dnevnik.hr.

Дури  48 проценти од вкупно 21.025 читатели на веб страницата на тв Нова, на прашањето „Кој според вашето мислење е личност на годината“, одговориле Тоше.

На далечното второ место е селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Славен Билиќ со 22% од гласовите, а трета е најуспешната хрватска атлетичарка Бланка Власиќ.

Тоше Проески трагично загина во сообраќајната несреќа, што се случи на 16 октомври кај Нова Градишка во Хрватска.

ohridnews