– Одигравме добар и пред се дисциплиниран натпревар и посебно сум задоволен што видов дека младите играчи се вклопија во нашата игра. Дури и мислам дека ние ги имавме подобрите шанси за постигнување на гол и штета е што не реализиравме барем една, но нерешениот резултат 0:0 за нас е многу позитивен. Сепак овој натпревар заврши и веќе се подготвуваме за следниот против Ангола за два дена во Есторил. Исто така морам да кажам дека ми е многу жал што луѓето во Македонија немаа можност да го гледаат во живо на телевизија овој извонредно важен натпревар за нас со петтата селекција во светот. Секако тоа ќе ни значеше многу во овој момент како што ни значат добрата игра и поволниот резултат – истакна селекторот на А тимот Џон Тошак.
Македонија следниот тест дуел го игра вторник со репрезентацијата на Ангола.