Македонската фудбалска репрезентација денеска утринава го одржа планираниот тренинг на извонредно подготвениот терен на ФК Башкими во Куманово.
Селекторот Џон Тошак изрази задоволство од залагањето на репрезентативците и текот на подготовките, особено на денешниот тренинг и одлучи попладнево да не се тренира.
– По одржаните четири тренинг сесии утре патуваме за Португалија каде ќе ни се придружат Ибраими, Демири и Тричковски со што ќе ги продолжиме подготовките за двете контролни средби. Задоволен сум со текот на тренинзите до сега и со тоа како 6-те млади играчи се вклопија со нас. Во исто време сакам да му честитам на колегата Бобан Бабунски и селекцијата до 21г за извонредната победа против Холандија со 1-0. Во моментов ни недостасуваат неколку стандардни играчи меѓутоа сите што сме тука на подготовките со нетрпение го очекуваме дуелот против Кристијано Роналдо и неговиот тим како и против селекцијата на Ангола.
Од стручниот штаб информација дека сите играчи се во добра здраствена состојба. Националниот тим за Португалија патува утре преку Цирих каде ќе им се придружат уште и Тричковски, Демири и Османи.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com