И покрај повредите на неколкуте наши репрезентативци селекторот на македонската фудбалска репрезентација , Џон Тошак најави дека сите повикани репрезентативци ќе мора да се појават на подготовките за претстојниот пријателски натпревар со Албанија што ќе се одигра на 15-ти Ноември во Прилеп (13ч).
Најсериозна повреда има Горан Попов, додека со помали повреди се Новевски, Тричковски, Пандев и Наумовски информираат од стручниот штаб на репрезентацијата. Тошак на подготовките повика 24-ца играчи. Сите повикани без оглед дали се повредени ќе бидат во кампот во Охрид.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com