Велшкиот стратег Џон Тошак во изјава за британските медиуми ја пофали играта на Македонија на двата квалификациски мечеви за мундијалот во Бразил. Тошак на “црвено жолтото“ столче дојде на местото од Јонуз, а него го замени Чедомир Јаневски.

– Воопшто не ме изненади добрата игра на Македонија. Само штета што не освоија повеќе бодови. Се чувствувам горд на репрезентативците кои го бранеа дресот на Македонија, затоа што јас сум креатор на оваа одлична селекција. Кога го правев распоредот за мечевите сакав да играме првите кола со овие две селекции бидејќи сеуште не се влезени во натпреварувачки ритам. Хрватите играа на ЕП и заситени се од настапите за селекцијата додека шкотите бавно влегуваат во форма – потенцираше Тошак.

Поранешниот менаџер на Ливерпул и Реал Мадрид, Џон Тошак ја истакна недисциплината во македонскиот состав. Во бележникот на рускиот судија Карашев влегоа пет фудбалери, Пандев, Шумуликоски, Глигоров, Ибраими и Хасани.

– Мораат да внимаваат на жолтите картони, премногу лесно ги добиваат. Селекцијата на Македонија неможе да си дозволи на секој натпревар да прават пет картони – заврши Тошак.

Мх.П.