Велшкиот стратег на македонската клупа Џон Тошак најави повлекување од функцијата селектор на А тимот.


Новиот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски му поставил нови критериуми на искусниот тренер Џон Тошак кој велшанецот не можел да ги исполни. Оставката Тошак ќе ја официјализира на пресконференција.

На пријателскиот натпревар со Литванија, А репрезентацијата се очекува да ја води помошникот на Тошак, Бобан Бабунски.

Џон Тошак на местото селекторот на репрезентацијата на Македонија дојде на местото од Мирсад Јонуз.

Мх.П.