Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак го објави спискот за пријателските мечеви кон крајов на месецот со Португалија и Ангола.
Велшанецот во составот вклучи повеќемина млади фудбалери од селекцијата под 21 година, која во изминатите 13 меча нема пораз. Новина е и повикот на капитенот на Вардар, Филип Иваноски кој се враќа во националниот состав.
Еве го списокот на фудбалери:
Голмани: Един Нурединоски (Етникос Ахна), Мартин Богатинов (Карпати)
Одбрана: Бобан Грнчаров (Лирс), Даниел Георгиевски (Шибеник), Николче Новески (Мајнц), Ванче Шиков (Волин), Даниел Мојсов (Војводина), Стефан Ристовски (Фросиноне), Владимир Димитровски (Млада Болеслав), Јани Урдинов (Екранас).
Среден ред: Никола Глигоров (Алки), Горан Попов (Динамо К.), Мухамед Демири (Тун), Марио Ѓуровски (Муангтонг), Стефан Спировски (Борац Чачак), Фљамур Таири (Теута).
Напад: Ферхан Хасани (Волфсбург), Иван Тричковски (АПОЕЛ), Самир Фазли (Херенвен), Горан Пандев (Наполи), Филип Ивановски (Вардар), Агим Ибраими (Марибор).
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com