Велшанецот кој во својата фудбалска кариера беше еден од “расните“ центарфори потенцираше дека Македонија ќе игра офанзивно и со низа победи ќе обезбеди пласман на Мундијалот.
– Сакам да се квалификуваме на СП, за да се квалификуваме мора да победуваме а за тоа ние се потребни голови. Играта секако дека нема да зависи од поединци туку од целиот тим – рече Тошак.
Групата во која се најдовме е тешка но не и не премостилива. – Добро ги познавам екипите кои доаѓаат од островото, (Велс и Шкотска) мечевите со Хрватска и Србија ќе бидат мечеви од голем предизвик, со многу гордост , а играчите и спортската јавност знае многу за нив. Белгија е репрезентација која дополнително ќе ја запознаеме – потенцираше стратегот.
Тошак на својата прва пресконференција не зборуваше многу за актуелниот циклус во кој Македонија е класичен статист. Тој истакна дека ќе ги искористи мечевите за што подобро да се запознае со квалитетот но и менталитетот на македонските репрезентативци.