– Вооптшо не е исто кога играте на “тепих“ или на ваков терен, мотивот сигурно не е истиот. Едно е да одите на работа и да влезете во нова канцеларија, каде има најнова опрема и све е ново,а сосема друга е приказната ако влезете во стара канцеларија каде капи вода од секаде, сигурно дека мотивот е сосема различен. Очекувам на стартот на квалификациите кога ќе истрчаме на новата “Филип Втори“ арена мотивот да биде до небо -рече Тошак.
Неиграњето на неколкумината стандардни репрезентативи и тоа како се осети во нашата игра. Македонија воопшто не е иста селекција со Попов, Пандев, Новески и Тричкоски во составот.
– Без воопшто да ги потценувам квалитетите на фудбалерите кои го одиграа овој меч, не е воопшто исто кога на теренот го имате Пандев или Иваноски. Во секој случај од овој меч задоволен сум од изданието на Наумоски кој донесе дополнителен квалитет во нападот. Исто така позитивна беше и преставата на Ибраими во вториот дел. – истакна Тошак.
Реализацијата останува најголем проблем во националниот тим, а Тошак за сега нема решение за тоа, тој алегорично рече : “Може да го одведете коњот на поило, но неможе да го натератe да пие вода“.
На една година до стартот на квалификациите, Македонија ремизираше со Албанија 0-0, додека нашите соперници во групата за Мундијалот, ги “оддуваа“ своите противници. Тошак смета дека не треба да се плашиме: “Ако се плашите, тогаш останете дома, спуштете ги завесите, и затворете ја вратата“ – заврши македонскиот селектор.