Охридскиот Амак СП на стартот на новата сезона како гостин ќе ги започне натпреварите во новото кошаркарско првенство. Охриѓани втора година по ред на првиот натпревар ќе играат против скопски Торус.
18 – то првенство започнува на 4 октомври, а двојките се: Вардар Осигурување – Овче Поле, Торус – АМАК СП, Работнички – Фени Индустри, МЗТ Скопје – Плејмејкер и Пелистер – Вардар 2000.
Во новото првенство “езерџиите“ ќе влезат значително ослабени во однос на минатата година. Нов тренер на тимот е Огнен Дедиќ, а од минатогодишната екипа во тимот се само охриѓаните Кузески и Џихан, како и Зоран Стојанов.
Кошаркарите како што е најавено ќе тренираат во Скопје, а натпреварите како домаќини ќе ги играат во Охрид.
М.П.