Охридскиот АМАК СП на стартот на новата сезона ќе игра како гостин во Скопје, кај новакот Торус.
Сите останати средби се играат во главниот град а најинтересно е во “Парк“ каде ќе се сретнат најуспешниот македонски кошаркарски клуб, Фершпед Работнички, и актуелниот освојувач на двојната круна, Фени Индустри.
Двојки 1 коло :
МЗТ ФОН Универзитет Скопје – Вардар 2000,
Торус – Амак СП,
Карпош Соколи 2000 – Струмица 2005 и
Поп Спорт ВСА – Свисслион Пелистер.
Според усвоениот предлог – календар. за натпреварувачката сезона 2008/2009, натпреварите од 1. коло ќе се одиграат на 4 октомври.
Завршницата од Купот на Македонија ќе се игра од 4 до 7 март, додека плејофот е предвидено да стартува на 15 април, и да се игра најдоцна до 6 јуни.
Според постојниот систем, шесте најдобри екипи ќе се пласираат во Супер лигата, каде ќе одиграат уште 10 натпревари. Овие 6 екипи ќе учествуваат во плејофот, додека екипите 7. до 10. место ќе разигруваат за опстанок.
На Седницата беше донесена одлука сите прволигаши да ги подмират своите долгови кон КФМ најдоцна до 10 септември. Клубовите, кои нема да го сторат тоа, нема да добијат лиценци за натпреварување во новата сезона.