Bo хотел Ривиера, на 10.11.2007 година Женскиот центар „БИСЕРА“ по петнаесетти пат ја организираше веќе познатата  манифестација  „Тортијада “. Но, овој пат  тортијадата се организираше во духот  на современото живеење претставувајќи ја жената како стопанственик.

На тортијадата учествуваа повеќе професионални мајстори од овој занет. Услов да се учествува во натпреварот е учесникот да биде регистрирана фирма. Со тоа оваа манифестација добива сосема друг белег. Се натпреваруваа 10 фирми, а претставниците беа не само од женски пол, како што беше  досега, туку имаше и натпреварувачи и од спротивниот пол. Сите торти ја промовираа вештината и умешноста во декорирање на торта што се издигна  на ниво на уметност.


Победничката торта „Тајната вечера“


Победничка на манифестацијата
Весна Смилкоска – сопственичка и мајстор во слаткарницата „Палма“

При изборот за најубаво декорирана торта учествуваа сите над 250  присутни гости со тајно гласање, при што изборот беше максимално објективен.


Претседателот на женскиот центар Мартинова Наде им се заблагодари на учесниците, ги поздрави присутните и им посака пријатно расположение.


Во убав амбиент и добра музика расположението беше навистина прекрасно.

На крај тортите се продаваа на лицитација, а како што дознавме парите ќе бидат донирани за хуманитарни цели. Покровител на манифестацијата е г-ѓа Даниела Петреска – сопругата на градоначалникот на Охрид г-дин Александар Петрески.

Да потсетиме дека  женскиот центар БИСЕРА  е организатор на повеќе слични манифестации: за аранжирање на цвеќе, во која се натпреваруваа цвеќарите, избор на најубаво уреден двор и сл. и на тој начин ги промовираат постигнатите успеси, а со тоа ги поттикнуваат другите за уште подобри резултати.

ohridnews