Изминатиот викенд во хотелот „Амбасадор“, во организација на женскиот центар „Бисера“, по 24 пат се одржа традиционалната манифестација „Тортијада“. И оваа година тортијадата мина во знакот на хуманоста. Ссредствата собрани од продажбата на тортите на учесниците на манифестацијата, ќе бидат донирани за помош на охриѓанката Јана Арсовска која се бори со тешка болест.
Тортијадата имаше натпреварувачки карактер. ,Помеѓу професионалците, првото место го освои слаткарница Бајадера (торта бр.6), второто место и припадна на на слаткарница Савита (торта бр.2), а третото на слаткарница Анабела (торта бр.7).
Во конкуренција на аматери победи Даница Филева (торта бр.5), втора беше Валентина Адамова (торта бр.3), а тортата на Сузана Стрезоска го освои третото место (торта бр.2).
Покровител на манифестацијата беше д-р Виолета Мицкоска.
OhridNews