Покрај восочната фигура која ја има во музејот Мадам Тисо, сега Џони Деп има и торта со својот лик. Всушност, британката Лара Кларк во едно меѓународно такмичење за изработка на торти направила торта со природна големина, а која го претставува ликот на Џони Деп, Џек Спароу, од филмскиот серијал „Пиратите од Карибите“. „Судиите повеќе се навикнати да гледаат торти на три спрата отколку што се навикнати да гледаат торти со ликот на Џек Спароу“ изјави Лара за ББЦ.
Нејзината торта-фигура е висока 1,65 метри и била претставена во секцијата зна декоративни торти. Лара вели дека почнала да прави торти пред две години. „Првата торта ја направив за 25 годишнината од бракот на мојата свекрва. Мислев дека е грозна, но на сите им се допадна“ изјавила Лара, додавајќи дека сега прави најразлични торти за својата фамилија и пријатели. Меѓу најсуспешните троти на Лара се наоѓа и онаа торта во облик на мотор и тортата со ликот на нејзината свекрва. Меѓу најуспешните торти на Лара, која тврди дека занаетот го испекла на Јутјуб, се торта во облик на мотор и торта со ликот на нејзината свекрва.