На централниот плоштад во канадскиот град Торонто дури 22 слаткари ја изработиле најголемата торта од сладолед на светот. Тортата од речиси десет тони влегла во Гинисовата книга на рекорди. За изработката биле употребени девет тони сладолед, 91 килограм бисквити и 136 килограми украси за јадење.
Минатата најголема торта тежела осум тони, а била направена во Пекинг во 2006 година. На љубопитните минувачи им течеле лиги додека гледале како слаткарите ја сечат тортата на илјадници парчиња. Парите кои ги собрале на плоштадот ќе бидат донирани во детската болница во Торонто.