Вработените во слаткарницата „Жил Деплонш“ во Женева прославиле 25 години од постоењето со торта долга 1,2 километри со која го собориле Гинисвоиот рекорд. На тортата работеле околу 200 лица вработени во кетеринг индустријата и волонтери кои биле поделени во 30 тимови. Припремите започнале два месеци порано, а тимовите го печеле пандишпанот една седмица, пренеле медиумите.
Тортата имала три слоја, така да всушност биле испечени 3600 метри тесто, што воопшто не е мала бројка. Новите сопственици на рекордот објавиле дека тортата го соборила претходниот рекорд поставен во  1992 година во Белгија, кој го држела торта долга 1032 метри. Тортата била пресечена на мали парчиња, од кои секое изнесувало 50 сантитеметри, и била продадена во хуманитарни цели, а парите ќе одат на организациите кои се бават со борба против ракот на дојката.