Оваа торта е слатка реплика на бурманскиот албино питон, а деталите на неа нема да ве остават рамнодушни. Таа е осмислена и направена од Франческа Питчер од слаткарата “North Star Cakes”.

Питчер тортата ја направила за роденденот на својата ќерка, а откако сликата од тортата била ставена на Фејсбук таа станала вистински хит.

Од слаткарата изјавуваат дека секојдневно добиваат огромен број нарачки на слични торти благодарение на Франческа.