Во присуство на нејзините двајца синови, кои за овој повод допатуваа од Прага и Скопје, роднини и пријатели, како и волонтерите на Црвен крст Охрид, тетка Елена се сеќаваше на своите почетоци во Црвениот крст, првата членарина за членство во Црвениот крст, што со две свои другарки ја уплатиле во 1972 година и до ден денес редовно ја уплаќа, иако нејзините другарки веќе не се меѓу живите.
Тетка Елена им порача на своите сограѓани, да бидат хумани, да ги поддржуваат активностите на Црвениот крст, зошто така најлесно ќе можат да им помогнат на оние кои се во невоља.
Црвен крст Охрид ја продолжува својата мисија, да пружа помош која им е потребна на ранливите категории луѓе, но и особена грижа и внимание да посветува на потребите на своите членови-активисти.