Повеќе од 90 лица загинаа во налетот на
торнадо кој го погоди предградието на американскиот град Оклахома Сити,
Мор, меѓу загинатите има 20 деца од едно училиште, пренесува „Макфакс’.
Предградието на Оклахома Сити беше погодено од торнадо и пред 14 години,
кога во мај 1999 година повеќе од 40 лица ги загубија животите.
Си-Ен-Ен повикувајќи се на медицински извори објави дека повеќе од 120
лица биле примени во болниците во градот каде им била укажана лекарска
помош.
Американските медиуми кои известуваат од местото на настанот стравуваат
дека бројот на жртви ќе биде поголем кога спасувачките екипи ќе ги
расчистат урнатините. Две основни училишта, Плаза Тауерс и Брајарвуд,
биле буквално срамнети со земјата.
Торнадото чии удари на ветерот достигнувале брзина и до 400 километри на
час и чија ширина изнесувала три километри речиси до темел го урнал
малиот град Мор.
Ситуацијата дополнително ја отежнало тоа што торнадото се задржало на
земјата повеќе од 40 минути што е незапаметено за ваква врста на бура.
Американскиот конгрес со едноминутно молчење во вторник ќе им оддаде почит на загинатите.