Актерскиот пар Тори Спелинг и Дин Мекдермот станале горди родители на уште едно девојче, пренеле светските агенции. Парот веста за раѓањето на Хети Маргарет Мекдермот во понеделникот, ја соопштил преку своите налози на Твитер, и навел дека бебето било преубаво, а семејството пресреќно.


Тори Спелинг, позната по улогата во серија „Беверли Хилс“, и Мекдермот веќе имаат две деца, Лијам и Стела, а Мекдермот има и син од претходниот брак. Парот се венчал во 2006 година откако се запознале на снимањето на еден филм.