Актерката Тори Спелинг која се прославила со улогата во серијата „Беверли Хилс“, го чека своето четврто дете со сопругот Дин Мекдермонт, пренеле американските медиуми.

Актерката на својата официјална веб страница напишала дека целото семејство е пресреќно што имаат уште еден член на пат. Тори Спелинг и Мекдермонт се венчале во мај 2006 година и имаат три деца, Лиам, Стела и Хети.