Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев со највисоки почести ја пречека германската канцеларка Ангела Меркел на платото пред Владата на Република Македонија, јавува Макфакс.

Покрај срдечното добредојде проследено со 3 бакнежи од Заев за Меркел, топол поздрав на Меркел и приредија и министрите Оливер Спасовски, Радмила Шеќеринска, Никола Димитров и вицепремиерот Бујар Османи.

Премиерот Заев и канцеларката Меркел ќе имаат едночасовна средба по што следува заедничка прес конференција.

Како што е најавено, во фокусот на средбата ќе бидат регионалните случувања и билатералните прашања на Република Македонија.

Претходно, портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт изјави дека канцеларката сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името, кој ќе се одржи на крајот од месецот.

Во пресрет на референдумот во посета на Скопје покрај Меркел, беа и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

OhridNews

Макфакс