Со цел да се поттикнат рамномерниот културен развој, афирмацијата на културните вредности и културното анимирање на локално ниво и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, Министерството за култура во 2010 година обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на манифестацијата ,,Топол културен бран“. Според плановите оваа манифестацијата ќе се реализира во две етапи: првата од 20 до 31 јули и втората од 20 до 31 август 2010 година. 

Во овој културен проект ќе може да учествуваат сите општини во Република Македонија. Неговата реализација  ќе се одвива преку заедничко финансирање од страна на Министерството за култура и локалната самоуправа како партнерство за остварување на културните потреби на сите граѓани.

На јавниот конкурс за аплицирање за оваа маниестација, општините треба да достават програма со проекти од сите области на културата: филм, театар, музика, танц, литература и ликовна уметност.

OhridNews