Вчера во просториите на КИЦ „Култура 365“ се оддржа „Чајанка со учениците од ОУ Христо Узунов“, настан чија примарна цел е поттикнување на креативниот потенцијал кај најмладата популација.

„Новата година, Божиќ и зимскиот период воопшто, се теми кои секого можат да го инспирираат. Затоа се одлучивме во овој предновогодишен период да го организираме токму овој настан. Учениците беа послужени со чај за да ги загреат своите тела, а тие преку своите песнички да ја загреат атмосферата.“ – вели м-р Лидија Размоска од КИЦ „Култура 365“.

Таа потенцира дека најмладите располагаат со своја креативност и потенцијал, кој мора да се искориси во иднина.

„Уште поважно е тоа што младите имаат храброст и желба да го покажат она што го знаат и она што го имаат напишано. Песничките од учениците ги поставивме на пано, со цел да се даде значење на нивните дела.“ – потенцира Размоска.

На крајот од настанот, учениците на подарок ја добија книгата „Нашиот холандски пријател“ од охридскиот автор Мишо Јузмески.

OhridNews