Топлотен бран со температури до 39 степени од денеска ќе ги зафати севреозападниот и југоисточниот регион на државата.

Најпогодени според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи ќе бидат Тетово, Гостивар, Кичево, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Дојран, Валандово, Струмица и Кочани.

Поради високата вредност на УВ индексот во периодот од 11 до 16 часот се препорачува да се избегнува изложеност на директно сончево зрачење.

Сончево и топло денеска ќе биде и во Охрид, каде максималната дневна температура ќе достигне до 31 степен Целзиусов.

OhridNews