Невообичаено топлото време за овој период од годината и температурните осцилации од близу 30 степени ги наполнија амбулантите во Охрид. Најбројни пациенти се децата, но се’ поголем е бројот и на возрасни кои се жалат на настинки и други тегоби. Најтешко временскaта промена ја поднесуват хроничните болни.
Топлото време ги наполни амбулантите во Охрид
Сликава ја забележавме во амбулантата Маларична каде за преглед деновиве се чека долго. Инаку заклучно со 25.02.2008 година во Македонија се регистрирани вкупно 6.132 лица заболени од грип, од кои во Охрид 41.
Мирко Постоловски