Под влијание на многу топла воздушна маса и денес времето ќе биде сончево и многу топло. Максималните температути насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.
Во Охридскиот регион живата во термометрите денеска ќе се искачи до 34-от степен Целзиусов, а индексот на УВ зрачење ќе биде висок и ќе изнесува 9.
Во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. На места ќе има зголемена облачност и развој на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Температурата ќе опадне за неколку степени и во Охрид максималната ќе достигне до 31 степен, а УВ индексот ќе изнесува 8.
Сончево и топло ќе биде и за празникот Илинден во недела. Минималната температура ќе се движи помеѓу 13 и 20 степени а максималната помеѓу 27 и 34 степени Целзиусови.
Г.М.