Во Шпанија вчера беа регистрирани високи температури до 43 степени Целзиусови каде метеоролозите објавија прогнози дека вториот топлотен бран оваа година би можел да трае до 14 јули.

Највисоката регистрирана температура од 43 степени е измерена покрај реката Гвадалкивир во близина на Севиља на југот на Шпанија и во Бадахоз, на запад во државата.

Локалните власти во Ла Риоха на север во Шпанија соопштија дека од синоќа 90 пожарникари се борат да го стават пожар под контрола.

Андалузиските власти соопштија дека во Ел Ронкило кај Севилја поради пожар морале да бидат евакуирани околу 100 луѓе.

OhridNews